Потресни сведоштва од невремето во преспанско

ИЗВОРСкопје24
|

Само на филм имам видено такво невреме какво што вчера се случи во преспанскиот крај. Едвај спасивме жива глава. Вака сведочи Славчо Глигоровски за 1ТВ кој е сопственик на камп приколка врз која се урнало дрво и ја срамнило со земја.

Тој, неговата сопруга и двајца нивни пријатели биле затворени внатре и не можеле да ја отворат вратата од силниот ветер и градот.

-Среќа што бевме на другата страна кога падна дрвото врз приколката вели Глигоровски.

Со еден збор беше страшно, сведочат овдешнитe посетители и жители. Во автокампот Крани се уште нема вода и струја. Надлежните се на терен

Исповед на Србин кој се најде среде страшното невреме во Грција: „Изгледаше како да е крај на светот“

Сило невреме погоди поголем дел од Европа, а синоќа од силно невреме и ветер беше погодена и Грција.

Во невремето има и 7 лица кои го загубија животот, а повредени се и 100 лица.

Небојша И. за „Курир.рс“ вели дека се нашол на Халкидики среде страшното невеме, и вели дека се се случило брзо, и никој не очекувал дека вакво нешто ќе им се случи среде одмор.

„Невремето почна околу 21 часот по локално време и тоа оддеднаш. Беше страшно, а оддеднаш дувна така слилен ветер што немавме ни време да се тргнеме од шеталиштето, а камо ли да влезе во апартманите. Иако траеше само дваесетина минути, изгледаше како да доаѓа крајот на светот“ раскажал тој.

Тој вели дека утринава ги дочекала страшна глетка.

„Расфрлани чадори, стакло на сите страни и кабли кои висат од далеководите не дочекаа утринава. Дрва испопаѓани на куќи, по шеталиштето и на улиците. Видов две огромни дрва искорнати од корен. Дрва имаше паднато и на автомобилите, а лежалки имаше расфрлано насекаде, навистина страшна глетка“ раскажал Небојша.

Сепак вели дека локалните жители брзо го исчистиле нередот и ги отвориле продавниците за да може да се купат некои основни намирници.

„Моментално нема ни струја ни вода, а нема ни навестување дека ќе дојде брзо, според некои информации дури утре. Некои апартмани имаат агрегати, но некои немаат, па многу туристи се упатија кон Солун, додека оние кои останаа се снаоѓаат како знаат“ рекол тој.