Доаѓа големиот празник Петровден: Еве што треба да правите за да ве следи среќа

ИЗВОРСкопје24
|

Во петок е Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Со овој голем православен празник завршуваат петровденските пости и за него се врзуваат многу обичаи и верувања.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат врзопи направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијаните врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

Порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои во мугри ги разнесуваат за оние кои не напуштиле. Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува.

На овој ден според некои верувања може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некои го држат празник само до пладне, а попладне работат.