Аделина Тахири постојано освежува со егзотични фотки – Македонската Бијонсе и со глас и со стас (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Македонската Бијонсе“ поп пејачката Аделина Тахири и понатаму со причина ги крши машките срца. Како да не ги крши кога ќе објави жешки фотографии од плажата, од морето каде што се наоѓа на летување заедно со своите најсаканите.

Дестинацијата не ја открива, но ужива некаде на Егејско Море, па секако дека и е преубаво… Постојано ги освежува обожавателите со нови фотки, која од која подобра.

Инаку, таа е доста активна на социјалните мрежи и не пропушта да покаже дел од својата приватност. И воопшто и не е шега, но веруваме дека нема да трепнете додека ја гледате згодната пејачка како позира во бикини.

Еднаш на прашањето на новинарите со која светска естрадна ѕвезда би се поистоветила, Тахири вели дека за неа е совршена Бијонсе. Затоа со задоволство го носи прекарот дека е македонска Бијонсе.

– За да бидеш на врвот и над сите, треба да имаш од се’ по малку. И да бидеш умна и да имаш убав глас и стас, искоментирала згодната Аделина Тахири.

Се омажи и стана сопруга, а пред девет месеци се реализираше и во најубавта улога за една жена – стана мајка на синчето Јон.

Во 2017 година нешто пред венчавката, Аделина се пресели во една елитна скопска населба надвор од градот, а тогаш на своите следбеници на социјалните мрежи им го покажа празниот стан.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Сега, атрактивната пејачка редовно објавува фото-моменти од својот луксузно уреден дом, како во внатрешноста каде преовладува белата нијанса со златни детали, големиот гардеробер, а исто така и погледот и амбиентот кон надвор со езерцето и лебедите кои се празник за очи.

За потсетување, Аделина во 2017 се омажи со адвокатот Серјожа Марков, а минатата година станаа родители на машко дете.

Во продолжение ѕирнете во нејзиниот приватен рај: