МојДДВ ја користат 51 000 граѓани, од денес достапна и за ајфони

|

Од како стапи на сила законот за враќање на дел од ддв на граѓаните, апликацијата МојДДВ ја имаат преземено приближно 51 000 на граѓани на нивните мобилни телефони (на ниво на држава). Бројот на корисници се зголемува секоја минута, од денес апликацијата МојДДВ е достапна и на Apple Store, за корисниците на ајфон, соопштија од УЈП во Битола. Реалната бројка на граѓани кои ја користат можноста да си вратат 15% од ДДВ во фискалните сметки, е поголема од бројот на граѓани кои ја имаат преземено апликацијата мојДДВ, заради тоа што за граѓаните кои не поседуваат паметни телефони, регистрацијата и скенирањето на фискалните сметки е овозможено на шалтерите во УЈП и со користење на киоск достапен во УЈП. Според ова, бројот на корисници е приближно 52 000 граѓани.

Согласно законот, граѓаните ќе можат да си вратат дел од ДДВ-то на секои три месеци, исплатата ќе ја прави УЈП во рок од 60 дена откако ќе заврши тримесечието.

За првото тримесечие од 1 јули до 30 септември 2019 година, враќањето на данокот ќе биди најкасно во месец декември 2019 година, период до кога секој граѓанин кој ја користи апликацијата МојДДВ мора да го има внесено податокот за број на трансакциска сметка.

Еден од битните услови за враќање на данокот е и тоа дека ДДВ содржано во фискалните сметки кои ги има скенирано граѓанинот во трите месеци да не надминува 12 000 денари.

За сите информации поврзани со МојДДВ граѓаните можат да се информираат на шалтерите во УЈП, на официјалната ФБ страна – МојДДВ, и преку интерактивно видео на YouTube – MojDDV.