Претежно облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмежи

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има пообилен дожд.

Локално се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 19, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, умерено облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.