Се уште неопоравена, во Грција најава за ново невреме

ИЗВОРСкопје24
|

Црвениот аларм се уште е вклучен кај грчките пожарникари и кризниот штаб, откако метеоролозите најавија за нов налет од неврме. Силен ветер со пороен дожд се најавува за дел од Грција. И во синоќешниот пороен дожд под вода завршија десетина куќи во источниот дел од земјата, поради што евакуирани се семејствата.

Жителите и туристите од Халкидики се обидуваат да се вратат во нормала од шокот кој го преживееа во средата, кога разорниот ветер и дожд 20 минути корнеше и носеше се пред себе.

Александар Магловски за Телма се присетува на страшното попладне.

Животот полека се враќа на овој полуостров чија туристичка сезона е во полн ек. Главниот пат кој води до добро познатите места е расчистен од откорнатите дрвја и паднати бандери, се уште се чистат локалните патишта кои се очекува до утре целосно да профункционираат.

Вакво екстремно време е необично за овој дел од годината во Грција, но голем дел од туристите, исто како и Александар со неговото семејство, одлучија да останат и да го продолжат своето летување.