За да ги задржи вработените им ја зголеми платата на 1.500 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.

Словенечката компанија Knauf Insulation која има 500 вработени, а е во сопственост на германското семејство Кнауф, има намера да ги зголеми платите на работниците во производство за 36 отсто во текот на следните шест месеци.

Досега, нивните работници не работеа за минималец – најниската плата со додатокот за работа во смени изнесуваше околу 950 евра нето. Компанијата одлучи на своите работници во Словенија да им даде поголеми плати со цел луѓето да си обезбедат пристоен живот во земјата и да останат во Словенија. Во исто време, тие сакаат да ги убедат оние кои ја напуштиле својата татковина да се вратат.

Обезбедување на пристоен живот на висококвалификуваните и мотивирани работници и сигурната средина се една од основните предности за привлекување на странски инвестиции во Словенија. “Таа конкурентна предност е она што сакаме да го задржиме во рамките на групацијта Кнауф“, објаснува Томас Ланишек, директор на една од водечките светски компании во областа на обезбедување материјали за изолација. Денес, нивните работници добиваат нето плата од 1.100 евра (ова вклучува 13-та плата и регрес за годишен одмор), без додатоци за храна и превоз.

Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно. “Оваа сума, според нашето мислење, може да обезбеди пристоен живот за вработените и нивните семејства“, тврди Ланишек. Според плановите, зголемувањето на платите ќе се обезбеди од заштедите во производство преку поголема посветеност и задоволство на вработените.

“Нашиот сопственик од Германија вели дека фабриката во Словенија претставува Формула 1 во рамките на групацијата Кнауф. Како менаџер, сакам да видам повеќе такви приказни во Словенија кои водат до поголема додадена вредност, а со тоа и до повисоки плати“, вели Ланишек.

Инаку, Кнауф е најголемиот словенечки производител на изолациски материјали и е еден од најголемите извозници во Словенија.