Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон, откако во финале во пет сета го совлада Роџер Федерер.
Во меч кој траеше речиси пет часа, за прв пат на Вимблдон беше применето правилото да се игра тај-брејк во петтиот сет по 12:12 во гемови. Конечниот резултат е 3-2 за Ѓоковиќ.
А токму овој возбудлив натпревар го следеше речиси цел свет, а многумина јавни личности навиваа за Новак Ѓоковиќ. Ако пред еден месец во регионот, македонската и пошироката јавност беше сплотена да навива за Евровизија, но и за ракометниот шампион Вардар, овој пат беше сполотена да навива за Новак Ѓоковиќ. Така, дел од македонските јавни личности седеа пред ТВ екраните и го следеа возбудливиот меч.
Меѓу они кои навива и се пофалија на социјалите мрежи дека навиваат за Ноле, се:
Македонскиот модел Катарина Ивановска….
Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска….
Ања Ветерова исто така преку социјалните мрежи се пофали дека навива за Ноле.
Меѓу оние кои навиваа за Ѓоковиќ и го нарекоа шампион и легенда се и водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска….
Водителката на „Лото“, Марјана Станојковска која во описот на фотографијата напиша „Браво Ноле“…
Во редот на навивачите и подржувачите на Ѓоковиќ се најдоа и Дарко Спејко.,….
Како и Вера Мештеровиќ која преку социјалните мрежи се пофали дека го следи тенискиот натпревар.
Mакедонската дива Калиопи Букле исто така навиваше за Ѓоковиќ и истакна дека е горда на него.
Новак имаше чест трофејот да му биде доделен од страна на Кејт Мидлтон.
По финалето, на прес – конференцијата Новак ја поздрави и Македонија и истакна дека ќе мора да ја посети и да го посети Охрид.