Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак не присуствуваше на теренот на Вимблдон кога тој ја освои петтата титула, но и покрај гласините, тенисерот ја откри вистинската причина за нејзиното отсуство.
Јелена ја фасцинираше Србија и остатокот од светот со својата едноставност, а во нејзиното семејство има уште една убавица. И тоа ќе го забележите веднаш по нејзината насмевка!
Марија Ристиќ е помалата сестра на сопругата на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Таа исто така е вработена во Фондацијата „Новак“, а кога ја придружуваше својата сестра на УС Опен, сите се прашуваа која е мистериозната бринета.
Исто како Јелена, Марија има прекрасна насмевка.
Таа е сестрана девојка, па таа има свој блог каде што објавува кратки осврти за теми како што се мотивација, различности, мода …
Таа исто така се занимава со фотографирање и своите фотки ги објавува на блогот, како и на својот профил на Инстаграм.
Сестрата на Јелена е во среќен брак со Будимир Јовковиќ.
Марија секогаш го поддржува својот зет од сестра, па и овојпат упати честитки на негова адреса.
Извор: zenskimagazin.mk