Предраг Томиќ е работодавец каков што секој би посакал да има. На секој вработен му подарува по 1.000 евра кога ќе му се роди дете.
Доколку се случи некој да добие близнаци или тројка, сумата се покачувала двојно или тројно.
– Во летото 2017 се родија Неда, Мила и Искра, после 5 години чекање. На денот на тројното слаење, уште едно изненадување. Работодавецот вети дека ќе не награди парично и дека ќе ни помогне да ги пораснеме. Цифрата беше по 1.000 евра за дете, односно 3.000 евра – вели Мирослав Дрчелиќ, еден од вработените во компанијата.
Предраг Томиќ – сопственик на компанијата “Србауто“ вели дека на овој начин ги мотивира вработените бидејќи неговата компанија размислува на долги патеки. Сака да ги задржи своите луѓе што е можно подолго за заеднички да успеат на пазарот.