„ Во текот на август ќе го одобриме и новиот ценовник, со кој трошокот за стандарден приклучок ќе се намали од 500 на 400 евра и ќе го зголемивме опфатот на стандардни приклучоци, со цел да има поголем број на граѓани кои при приклучувањето на куќите ќе може да ги намалат трошоците за приклучување“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
За мерката е неопходна законска измена. Од РКЕ очекуваат со оваа одлука да се намалат трошоците на инвеститорите на згради.
„Ним реално ќе им се намалат трошоците по 100 евра од стан и очекувам тоа да се одрази и врз цената на становите“, објасни Бислимоски.
Од денеска нови цени на горивата: Скок на цените
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 денари од литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.
Претходно Бензините поскапеа за половина денар, додека за истиот износ се намали цената на дизелот.
Еуросупер БС – 95 се продаваше за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 се продаваше по 71 денар за литар.
Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) чинеше 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство беше 50,50 денари за литар.