Прекрасен рецепт кој многу едноставно се подготвува. Сопругата на шампионот на Вимблон пропагира здрава исхрана, а со целиот свет го сподели рецептот за ова слатко задоволство кое го обожуваат и таа и Ноле.
Не е необично тоа што Јелена Ѓоковиќ го сподели својот рецепт и како и секогаш ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.
Состојки:
– 200 грама какао путер;
– 2 лажици кокосово масло;
– 150 грама какао во прав;
– 3 лажици јаворов сируп;
– 1 лажица лецитин;
– прстофат сол.
Состојки за слојот од бело чоколадо:
– 100 грама какао путер;
– 1 лажица кокосово масло;
– 3 лажици јаворов сируп;
– 1 лажица лецитин.
Подготовка:
Стопете ги какао путерот и кокосовото масло па во таа смеса додадете ги останатите состојки. Добиеното “тесто“ поделете го на два дела, а во едното додадете неколку лажици кокосово или бадемово млеко. Измешајте добро.
За слојот од бело чоколадо, стопете го путерот и маслото, додадете ги останатите состојки и измешајте убаво. Сега имате три чинии со три различни теста. Оставете ги малку да се изладат и да се стегнат, а потоа во калапи за мафини ставајте по една лажица од секоја мешавина, така што да се измешаат како на фотографијата. Ставете ги во замрзнувач 30 минути, а потоа послужете ги и уживајте во слаткото задоволство.