По победата во „Задруга 2“, Луна Ѓогани реши да прави сериозна пејачка кариера. Парите веќе почна да ги троши во Скопје, во студиото кај Дарко Димитров.
Веднаш потоа Луна се врати во Белград, каде една позната српска пејачка и помагала во реализацијата на втората песна. Иако Луна не откри за кого се работи, сите наголемо тврдат дека во прашање е Ивана Петерс, која како што се пишува по фан групите на „Задруга“, „ја одрала“ новопечената пејачка со дури 10.000 евра за отпеаните придружни вокали во песната.
Имаше и од оние кои ја бранеа Ивана, велејќи дека таа е професионалец, пее секему за пари, па што не би и на Луна? И тука нема ништо спорно, се разбира.
Но, една друга дилема или потчно прашање е многу поинтересно за нас? Колку пари заработи нашата Антониа Гиговска која и ги отпеа придружните вокали на „ријалити победничката“ во студиото кај Дарко Димитров во Скопје?
Ги доби само трошките од богатиот колач или можеби ниту толку, па од студиото на Димитрови излезе само „со прстот в уста“ и тапкањето по раме дека… „ѕвездата е родена“?
Веруваме дека Антониа ќе ја отвори душата за јавноста… Барем онолку, колку што Луна или Дарко кон неа го отворија ќесето, ако воопшто го отвориле?!
Вистина.мк