Катица Јанева на боледување

ИЗВОРСкопје24
|

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од 16 јули официјално е на боледување, потврдија за МИА од СЈО.

Боледувањето Јанева го отворила на 16 јули, односно еден ден откако депонира оставка од функцијата, која, како што соопшти, ќе биде активирана штом се постигне договор за законот за јавното обвинителство.

Ден подоцна, во вторникот, на Катица Јанева по наредба на Обвнителството за организиран криминал, и беше одземен мобилниот телефон поради случајот „Рекет“.

Мобилниот на Јанева и е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за прибирање повеќе информации за истрагата против осомничените, кои во јавноста се познати како Боки 13 и Зоки Кичеец.

– Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија, изјави пред два дена пред судот обвинителката Вилма Рускоска.

Катица Јанева претходно поднесе оставка, а како што наведе во соопштение објавено на веб-страницата на СЈО, таа ќе биде активирана во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение за СЈО и ќе го изберат нејзиниот наследник.