Тифани Трамп (25), помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп (73), со момчето летува во Црна Гора. Тие се сместени во најскапиот хотел „Регент” во Тиват. Деновите ги поминуваат главно во хотелот и во најдобрите црногорски ресторани, објави „Блиц”.
„Тифани и Мајкл ја закотвија јахтата во пристаништето, но тие речиси цело време се во хотелот и во околните кафулиња и ресторани. Наутро одат на појадок, или ако заспијат, во попладневните часови се гости на луксузниот ресторан во близина.
Тифани сака морска храна, додека нејзиното момче најчесто јаде салата. Пијат пијалаци кои најмногу се согласуваат со оброците и често јадат десерт“ им раскажа на српските медиуми еден келнер од ресторан во Црна Гора, каде што Тифани и Мајкл јаделе.
Меѓутоа, кога ќе дојде сметката, вели тој, Тифани и Мајкл ги плаќаат своите оброци исклучиво со кредитни картички и не оставаат бакшиш.
Со вишок килограми, несредена и без шминка, папараците успеале да ја уловат ќерката на Доналд Трамп и низ улиците и рестораните во Тиват.
Иако ја чуваат телохранители, сепак нема проблем со слободно шетање, бидејќи за многумина е непрепознатлива со оглед на тоа што накачила неколку килограми плус и ужива во одморот без шминка.
Според гостите во рестораните, парот се однесувал сосема нормално и во ресторанот и на улица. Тие шетале и уживале покрај море и немале проблем да ги прашаат минувачите нешто што ги интересира