Куќата во класична смисла претставува имот кој го поседувате направена од тврда градба или монтажна и стационирана на едно место. Стартапот Ten Fold Engineering има сосема поинаква визија за куќите во иднина со својата куќа на расклопување.
Станува збор за иновативен проект на куќа која со камион ви ја носат таму каде што сакате да ја поставите и буквално ја распакуваат со помош на електрична дигалка за десетина минути. Потоа куќата може да се развлече на трипати поголема и да достигне големина од околу 70 квадратни метри,
Куќата ја нарекуваат Ubox, а наскоро ќе почне да се произведува во Велика Британија и ќе биде прилагодлива на потеребите на купувачите. Се очекува почетната цена да биде околу 130.000 долари.
Сите му се смееле кога почнал да живее во гаража – Денес сите се љубоморни на него
Секој ден се` поголем број луѓе прифаќаат нов минималистички стил на живот, се одлучуваат да живеат во што помали домови користејќи само најпотребни работи.
Овој тренд со голема брзина се шири по целата планета, а еден човек успеал да изгради своја куќа од соништата за само 9.000 долари.
Откако сфатил дека куќата и животот во Париз се премногу скапоцени, францускиот фотограф Џереми Бучхолтс побарал своја куќа од соништата во Бордо, Франција.
На негова жалост, бил шокиран кога видел колку малку може да добие за парите кои ги имал. Бордо е поевтин град од Париз, но и натаму е скап.
Сепак, по некое време, среќата конечно му се „насмеала“. Во весниците видел една гаража од 40 квадратни метри, а таа чинела „само“ 107.000 долари.
Да, знаеме дека на сите ова ви звучи многу скапо, но ова е дупло помала цена во однос на цените на становите кои се наоѓаат во истиот град. Бучхолтс видел многу можности во оваа гаража која никој не сакал да ја купи…
Уследило неколкумесечно реновирање, но крајниот резултат ќе ве воодушеви.