Филип Јаневски или Фифи по неколку години повторно се појави во јавноста и со ексклузивно интервју за 1ТВ откри каде бил и што правел.
Фифи отворено зборуваше на сите теми. Таа без проблем зборува за својот живот, за своето право на избор, за се што и се случувало во нашата земја, но и за новиот живот во Шведска.
Фифи веќе 5 години живее во Шведска, и е зaљyбена и сpeќна. По 5 години медиумcка апcтинeнција, еве го првото интервју на Фифи за Ексклузив:
Фифи Јаневска за првпат се појави во јавноста како дел од музичкото шоу „Икс фактор“ и се претставуваше како трансродова личност, а подоцна за неа беше снимен и документарен филм на Факултетот за драмски уметности.
Во интервјуто за „Мајка и дете“ пред една година, таа навраќајќи се во минатото, раскажа дека знаела дека е женско уште на петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна и ја има сета поддршка од родителите, роднините и пријателите на кои, како што вели, најважна им е нејзината среќа и душевниот мир.
– Јас спознав дека сум женско кога имав 5 години. Транс лицата се свесни кои се и што се од многу мала возраст, за жал, некои од нас поради општеството и стравот, тоа го кријат долго време или цел живот, а поголем дел се самоубиваат.
Медицината и биологијата велат дека додека се формира фетусот во почетокот на бременоста сите почнуваат како женски, подоцна, доколку фетусот добие доволна количина на тестостерон, клиторисот се издолжува и преминува во машка гениталија. Понекогаш се случува во првите два до три месеци на бременоста, додека мозокот се формира брзо, женски ембрион да е изложен на повеќе тестостерон од нормалната количина која е потребна и тогаш нејзиниот мозок се прилагодува такашто таа подоцна се чувствува како да е од машки род, доколку пак се намали нормалната доза на тестостерон кај машкиот ембрион, тогаш се случува неговиот мозок да се прилагодува и е програмиран да се чувствува како да е од женски род.
На овој начин се раѓа транссексуална личност како што сум јас.