Побарајте си фискална во Грција: Казната е 200 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Секоја земја има свои закони, на кои ако не внимавате би можеле да ве вратат дома со празен паричник пред завршување на одморот.

Оставање чадор на плажа за да го сочувате местото во Шпанија ќе ве чини 150 евра! А сите оние кои по историксиот дел на Дубровник ќе се шетаат непрописно облечени, односно во костим за капење, ќе платат казна од 66 па до 332 евра.

За купување на производи без фискална сметка во Грција може да ве казнат и до 200 евра.

Во Грција туристите кои донесат пијалок на базен на кој се наоѓа мини бар се казнуваат со износ од 80 до 15 евра, додека туристичката инспекција сопствениците или ресторанот ќе казнува и со 1000 евра бидејќи овој прекршок се третира како да не издале фискална сметка.

Грците инаку се многу либерални кон туристите, но казнуваат кога возилото се паркира непрописно насред пешачка зона. Од друга страна, газдите на апартмани не сакаат кога климата која ја користат тие кои не ја платиле.

Од таа причина гостите може да го откажат сместувањето иако е платено-велат од туристичките агенции.

Во Турција може да ве казнат 100 евра за пушење на аеродром, додека пушње на јавно место каде е забрането во Шпанија може да ве чини од 30 до 60 евра.

Во Црна Гора ако возите во алкохолна состојба може да добиете казна од 70 па до 2000 евра.