Земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтер ја стресе предмалку Грција. Земјотресот е на 23 километри од главниот град на Грција, Атина на длабочина од 12км.
Со оглед на тоа што овој земјотрес спаѓа во групата на посилни потреси очекуваме информации за евентуални штети.
Пред само неколку дена исто така кај нашиот јужен сосед беше регистиран потрес со јачина од 5.1 степени според рихтер, со епицентар во градот Кожани во Грција, а истиот беше почувствуван и во Македонија.
Најсилно почувствуван беше во Битола, кој се наоѓа на 50-тина километри од границата.
Епицентарот беше на длабочина од 2 километри.