Жена од Приштина била казнета со 100 евра од полициски службеник, бидејќи таа се смеела гласно на јавно место и тоа по полноќ.
Аида Гаши на Фејсбук напишаа дека по полноќ додека чекала такси на улица во Приштина, разговарала со нејзините другарки смеејќи се, а во тој момент еден полицаец за тоа парично ја казнил, пренесува Телеграфи.
Аида го раскажа разговорот со полицаецот, за кој вели дека се вика Фатмир Мифтари.
„Што се смееш гласно?”, биле зборовите на полицискиот службеник. Зачудена од прашањето на полицаецот, Аида му одговорила: „Дали сте сериозни?“.
„Фатмир: Се смеете многу, немојте да се смеете!“ Аида: „Со што процени дека се смеам премногу? Фатмир: Со моите уши!“, гласел разговорот меѓу полицаецот Фатмир и жената од Приштина.
Според нејзините тврдења, по овој разговор, полицаецот веднаш ја казнил парично со 100 евра.