(ВИДЕО) СОРАБОТКА НА „ХЕПИ ЕНД“ И СЛАТКАР – ПРОМОЦИЈА НА НОВА ПЕСНА И СПОТ

ИЗВОРСкопје24
|

По минатогодишниот успех на „Кога би била моја“, момците на еден од најпопуларните машки бендови кај нас „Хепи енд“, ја промовираа својата нова авторска песна насловена „Лажев“.

– Создавањето на авторски песни ни беше приоритет уште при самото формирање на бендот. Нашата идеја е со квалитетна македонска музика да се наметнеме на публиката, а токму втората песна веруваме дека ќе биде препознаеме како добар пакет и ќе го повтори
успехот како нашето првенче, велат од „Хепи енд“.

„Лажев“ е комплетно дело на браќата Иван и Јован Јованови, кои ги направија музиката и аранжманот, а текстот го напиша Марко Маринковиќ – Слаткар и Томислав Стаменковски Тофилоски. Спотот за песната е снимен на повеќе локации.

Момците од бендот за престојниов период најавуваат и нови музички проекти.