На социјалните мрежи се појавија фотографии од огромни пајаци кои ги има во Јадранското море. Пајаците се забележани на плажата во местото Пољица во близина на Трогир во Хрватска.
Пајаците се фотографирани во близина на брегот како стојат на пловките кои означуваат до каде туристите може да пливаат.
Веста брзо се прошири преку групите на Фејсбук па голем дел од капачите велат дека се плашат да влезат во морето.