Во емисијата посветена за реалното шоу „Задруга“ водителката Душица Јаковлевиќ беше изненадена откако како гледач директно во живо се вклучи нејзината ќерка Ангела.
-Еј мама Ангела е, вели таа откако се вклучи во живо.
Водителката откако не слушна убаво за кого се работи ја смири публиката и внимателно слушаше.
-Сакав да те прашам каде е кремата за комарци? Ја праша ќерката водителката која неконтролирано започна да се смее.
Потоа таа и одговори дека не знае и ја запраша нејзината ќерка зошто не спие во 2 часот наутро? По што и порача дека ќе се разберат кога ќе се врати дома.
Целото видео можете да го погледнете во продолжение.