Во Охрид запленети јахти, мотори и возила во сопственост на Зоран Милевски-Кичеец, вредни над 1 милион евра

ИЗВОРСкопје24
|

Синоќа во Охрид, полицијата по наредба на Јавното обвинителство изврши заплена на најмалку еден глисер и други предмети, а во врска со случајот „Рекет”.

По добиен налог од Судија на претходна постапка , МВРО во Охрид одземало, луксузни џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра,мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на вода и луксузен пловен објект – глисер „Бомбардер“.

Според редакцијата на порталот Ohridsky, сите биле во сопственост на Зоран Милевски-Кичеец и на неговите фирми.

Според проценките, вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 евра.

Порталот дознава дека Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција најверојатно ќе бара замрзнување и одземање на поголем движен имот на Зоран Милевски -Кичеец на атрактивни локации во Охрид, а се проценува на над два милиони евра.