Обвинителката Вилма Рускоска во интервју за емисијата „Код“ изјави дека Катица Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава, бидејќи тука имала семејство.
Како што објасни обвинителката Вилма Рускоска во интервју за емисијата “Код”, две oбвинитeлки од СЈО стапиле во контакт со неа.
Таа изјави Рускоска тие прашувале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат иcказ.
Мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен заради истpaгата, но се појавија информации дека таа имала и друг телефон, а Рускоска вели дека додека не се утврди каде е вториот телефон не може да шпeкулира за тоа.
Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска
Боки 13 и Миле Кичеец зеле 1,5 милиони евра, од бизнисменот Орце Камчев, а целта им била осум милиони евра.
Парите се дадени заради олеснување на постапката, изјави Русковска за Код, додавајќи дека случајот кај неа го пријавил премиерот Зоран Заев.
„Премиерот ми рече дека до него има доставено пpијави и се одлучивме да почнеме од cвeдокот.“ – рече Рускоска без да споменува имиња.
Дали „Пржино 3“ е решение за СЈО, пописот и изборниот модел или лидерски средби не се „лекот“?
Ќе има ли „лидерство“ за излез од ќор сокакот кој настана откако опозицијата одби да ги решава проблемите со власта преку нова рунда на лидерски средби? ВМРО-ДПМНЕ не го прифати форматот на политички дијалог кој го наметна премиерот Заев и бара да се распишат предвремени парламентарни избори како единствено решение на напластените проблеми во државата, а од друга страна и тврди дека партиите не смејат да влијаат врз институциите за надминување на проблемите со СЈО, како и со отворената истрага за скандалот со рекетирање на бизнисмени. Владејачката СДСМ пак, го обвини Мицкоски дека сака да го заштити криминалот и не може да се соочи со фактот дека институциите имаат капацитет да се борат со највисоката корупција.
Според Горан Момироски решението води преку разговор за предвремени парламетарни избори. Потоа може да се разговара и за продолжување на реформите во правосудството.
„Всушност политичката криза во Македонија никогаш не запре. По настаните од 27 април и формирањето на владата имаше еден краток период од лажна стабилност која траеше до неуспешниот референдум и насилната промена на името со помош на СЈО на Катица Јанева. Поделбата меѓу граѓаните е толку голема, а омразата толку интензивна што се плашам дека и политичките партии сами без незвиснините интелектуалци, ЕУ и НАТО нема да можат да го скротат гневот што се појави со откривањето на многуте афери меѓу кои Курто Дудуш, Ел Чека, Рашковски, и конечно последната со Катица Јанева. Не може да се зборува за нов изборен законик, за СЈО, за пописот, ниту за другите реформски закони без да има сериозен дијалог за предвремени избори па дури и Пржино 3. Лидерот на СДСМ мора веднаш да и даде на опозицијата да предложи Јавен Обвинител како што вети пред три години и да гарантира дека ќе има техничка влада на 100 дена пред избори“ смета Момироски.
Политичкиот аналитичар политичкиот аналитичар Петар Арсовски постои можност да настане нова политичка криза доколку не продолжи политичкиот дијалог.
„Со последните случувања постои можност Македонија да влезе во нова политичка криза. Ова ќе се поклопи со едно општо разочарување во институциите, како и со засилените критики од меѓународната заедница за забавените реформи. Сепак, мислам дека последните случувања немаат сериозен капацитет за предизвикаат обемна криза, доколку институциите постапуваат по сите добиени наоди, односно ако профукнционира правната држава. Она што останува како потенцијал за криза е недостатокот на политички дијалог односно блокадата на пописот, законот за СЈО, изборниот законик, и другите проекти за кои е потребен политички дијалог. Ако тој изостане, можно е да влеземе во нова криза“ вели Арсовски за Фактор.
Опозицијата прави обиди да го делигитимира премиерот Заев од кого не може да произлезат главните решенија, ниту предлогот Вилма Рускоска да биде замена за Катица Јанева. За Момироски ова значи дека премиерот Заев го губи кредибилитетот пред домашната јавност, како и кај меѓународните партнери.
„Јасно е дека Заев веќе не е главниот играч во игранката, како што е јасно дека тој го загуби кредибилитетот и кај странците кои повторно почнаа да доаѓаат чувствувајќи дека се наоѓаме пред хаос. Повторен обид на Заев да протурка некои од прашањата за кои сака да зборуваме на пропадната лидерска средба насилно со 80 пратеници пред влезот во НАТО според мене ќе биде обид да се префрли топката кон опозицијата која што Заев би сакал да ја конфронтира со сојузниците за да се намали притисокот кон него. Искрено се надевам дека лидерот на опозицијата Мицкоски размислува државнички и нема да да поентира политички од оваа катастрофа на власта со вадење на луѓе на улица затоа што по синдромот „Боки 13“ прашањето и за светот за жал веќе не е кој ќе биде на власт туку дали Македонија заслужува да биде држава“ додава Момироски.
За СДСМ и натаму „октоподот“ кој ги влече конците се наоѓа во Будимпешта, па затоа уште еднаш порачаа Мицкоски да седне на маса и да не „бега“ од лидерските средби без оглед во каков формат ќе се организираат. Инаку најавена е посета и Јоханес Хан кој беше еден од клучните лостови за време на Пржинските преговори од кои произлезе СЈО, како и принципот за оставка на премиерот на 100 дена пред избори и формирање на комбинирана влада.