Денеска многу топло, а потоа следува дожд, па повторно сонце

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 12 степени, а дневната максимална ќе достигне 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 17 степени, а дневната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Метеорологот Славчо Попоски уште пред некој ден информираше дека Европа е на удар на нов ЕКСТРЕМНО топол бран со температури до 45°C, но во Македонија и понатаму ќе има далеку пониски температури!

Уште на самиот почеток од оваа недела југозападните, западните и централните предели на Европа повторно ќе бидат на удар на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка и ќе услови ЕКСТРЕМНО високи температури на воздухот кој особено во југозападните предели од Европа поточно во Шпанија и Португалија температурите на воздухот ќе се искачат дури до околу 45 степени.

Кај нас пак и натаму ќе имаме далеку пониски температури на воздухот иако ќе бидат типично летни и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени што значи дека Македонија не очекува и понатаму некој екстремни температури, а така би требало да биде се до крајот на ова лето, и во текот на следниот месец не очекуваме некој екстремно високи температури, дури има услови температурите на воздухот да бидат под просекот, односно да биде посвежо од вообичаеното.

Понатаму следува период на претежно стабилно и суво време без врнежи, времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност. УВ ИНДЕКСОТ ќе има и понатаму ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува 11 па токму поради ова ве советуваме и понатаму да се заштитувате од лошото влијание на сонцето и да се пие се повеќе течности.