Популарните Тошо Малерот и Миле Паника од К-15 или Васко Тодоровски и Бранко Огњановски важат за многу големи пријатели во вистинскиот живот и по заминувањето на Васко во Австралија конечно повторно се обединија во Македонија.
Имено Бранко на својот инстаграм профил деновиве постави неколку фотографии на кои се гледа дека двајца, заедно со уште неколку други пријатели, уживаат во пријатна атмосфера во кафана за вечера.
Како што знаат сите Васко и Бранко се пријатели уште од средношколските денови и тоа пријателство го негуваат до ден денес, иако професионално повеќе не се поврзани. За да ги израдуваат уште повеќе своите фанови тие ја рекреираа и една нивна добро позната фотографија од пред повеќе од 20 години. Еве како изгледа таа денес:
Бранко постави и фотографија каде тие двајца се во друштво на нашата легендарна кошаркарска ѕвезда Перо Антиќ, а под истата напиша дека се во одлично друштво.
Фановите секако ќе се израдуваат доколку тие двајца решиле да направат некој нов интересен скеч заедно, но засега нема информации за такво нешто.
(Н.Ј)