Пејачот Христијан Тришоски на својот официјален јутјуб-канал ја објави втората од вкупно три преработки на големи регионални хитови со кои после година дена пауза од медиумскиот простор, повторно се враќа со нов материјал.
Втората преработка во новиот проект е на песната „Хајде ми ночас доџи“ од легендарниот Дино Мерлин, а на неа работеа Зеки Бекироски (обработка на музика) и Христијан Ѓорѓиевски (микс и мастер), додека видеото е снимено од Медиа Рекордс по идеја на Христијан.
Во продолжение погледнете ја преработката на „Хајде ми ночас доџи“ во изведба на Христијан Тришоски.