Катица Јанева на прес првпат го изнесе својот дел од приказната

ИЗВОРСкопје24
|

„Од моментот на мојот избор за СЈО мојот професионална биогрифија приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања“ рече Катица Јанева, обвинителката во оставка, на денешната прес конферениција.

Свесна бев дека ќе бидат цел на напади за дикредитација, но повикот да се биде на чело на СЈО за мене е сериозна чест и голема одговорност, рече таа.

„Ви се извинувам што свесно оставив да не излезам во јавноста со коментар за „Рекет“ зашто не сакав да оставам впечаток дека се мешам во истрагата.

-За индициите најодговорно тврдам дека свено или несвесно не сум ја злоупотребила должноста која уште ја извршувам и ги охрабрувам органите на истрагата да продолжат со својата работа“, рече Катица Јанева, обвинителката во оставка, на денешната прес конферениција.

Јанева потврди дека се познавала со Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот “Рекет”, таа и не криела дека нејзиниот син работи во 1ТВ и дневно комуницирал со Боки заради природата на својата работа. Тоа според неа не е оправдание за некој да презема незаконски дејствија. Таа очекува истрагата да стави крај на сите неофицијални информации и шпекулации со кои некој сакал да и нанесе штета на нејзиниот углед.

Досегашната шефица на СЈО потврди дека ја депонирала оставката за да овозможи политичките партии да постигнат договор за иднината на Специјалното јавно обвинителство и да нема никаков сомнеж дека таа нема начин да влијае врз случајот рекет.

Јанева додаде дека СЈО е поголемо од нејзината функција и било и ќе остане симбол за беспоштедна битка против организираниот криминал и корупција.