Сите нови пасоши содржат чип со биометриски информации за вас кои се изведени од фотографијата. Тоа е главната причина поради која на фотографијата за овој документ не смеете да се смеете или да носите очила или да бидете претерано нашминкани.
Имено, таа фотографија при пасошката контрола се скенира и клучните карактеристики на вашето лице (како што се раздалеченоста меѓу очите, онаа од врвот на носот до брадата и слично) се користат за генерирање на таканаречени математички мапи.
Сè што ги нapушува или крие тие мерки (како широка насмевка) ја намалува ефикасноста на користениот алгоритам, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.
Кога одите на аеродром, вие минувате преку е-капија и тогаш камера ви го скенира лицето. Во тој момент компјутерот одлучува дали математичката мапа генерирана на аеродромот се совпаѓа со онаа во вашиот биометриски пасош. Доколку не е така, може да имате пpoблеми.
Што ако останете без пасошот во странство?
Патувањата во странство вообичаено ги поврзуваме со убави спомени, но понекогаш и некои непредвидени ситуации се составен дел од нив. Како најнепријатна случка што може да ви се случи на некое патување е да ја изгубите или оштетите патната исправа – пасошот.
Доколку се најдете во таква ситуација и останете без валиден документ во друга држава, не е можно да го продолжите патувањето или да се вратите во земјата.
Затоа пред да тргнете на патување најдобро е да направите фотокопија на првата страна од вашата патна исправа, бидејќи така ќе имате оригинален документ што ќе ви помогне да извадите нов, а втора опција е да ја скенирате копијата од пасошот и да ја имате на мејл.
Првиот чекор што треба да се направи доколку се најдете во ваква ситуација е да проверете во хотелот во кој сте сместени случајно да не направиле фотокопија од вашиот пасош.
Потоа, на интернет пронајдете го најблискиот Конзулат или Амбасада од вашата земја, проверете кога работат и прегледајте кои сè документи треба да ги однесете за да ви дадат нов пасош. Пред да појдете во Конзулатот или Амбасадата треба да појдете во полициска станица и да пријавите дека ви е изгубена патната исправа.
По добивање на потврдата од полицијата за пријавување на изгубениот пасош потребно е да се обратите до дипломатско-конзуларните претставништво на Република Северна Македонија во земјата во која се наоѓате.
Во ДКП ќе ви биде издаден патен лист што служи само за враќање во земјата и не може да се користат за патување во некоја друга држава. Патниот лист има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање.
За добивање патен лист при губење или оштетување на патна исправа, лицето треба да приложи фотографија и документ со кој го докажува идентитетот (или фотокопија на документ).
– За оваа услуга лицето уплатува 30 евра на жиро сметка на ДКП-то. По приложувањето на документите и уплатата, патниот лист веднаш се издава, велат од МНР.
За државите со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.