Бившата сопруга на Абрамовиќ си улови нов милијардер, овојпат грчки бродосопственик (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Русинката Даша Жукова е позната на јавноста по бракот со рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, од којшто се разведе пред две години. Атрактивната 38-годишна Даша веќе извесно време е во врска со грчкиот наследник на империјата за градење бродови, Ставрос Ниархос (33), со кого и се свршила, а свадбата треба да се одржи кон крајот на годината.

Даша Жукова и Ставрос Ниаркос се свршиле, а свршувачката ја прославиле на нејзината роденденска забава, каде што биле поканети многу познати личности од светот на шоубизнисот, како што се Дејвид Бекам, Лив Тајлер, дизајнерката Тори Берч, модни дизајнери зад кои стои брендот „Проенца Шулер“, Џек МекКолоу и Лазар Ернандез, Лорен Санто Доминго, сопственичката на модната платформа, „Мода операнди“ и многу други.

Џетсетовската двојка треба да го изговори судбоносното „да“ на крајот од годината, а сѐ уште ги договараат деталите, потврдиле нивните блиски пријатели за порталот „Сикспејџ“.

Жукова во август 2017 година се раведе од милијардерот Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, а во брак беа 10 години. Петнаесет години помладата Даша, ќерка на руски магнат, му беше трета сопруга на Абрамович, а во бракот добија две деца.

Веќе на крајот на 2017 година, Жукова беше видена со грчкиот наследник Ниархос на Арт Базел во Мајами, како и на настанот кој го организирал нејзиниот магазин „Гараж“. Жукова и Ниархос заедно биле на венчавката на пријателите, супермоделот Карли Клос и Џошуа Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп.

Врската помеѓу Жукова и Ниатхос беше „потврдена“ во јануари лани кога ја минале Новата година заедно со нејзините пријатели во Перу.

Сепак, пет години помладиот Ниархос избегнувал на почетокот на врската да ги фотографираат заедно, па дури и на Инстаграм-профилите на нивните пријатели ретко може да се видат на истата фотографија.