Во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава донесени се вкупно 125 закони и одржани се 21 работа седница на Собранието, пет седници за пратенички прашања и две за обраќања, се наведува во публикацијата „Мој пратеник“, која редовно ја изработуваат службите во законодавниот дом. Од одржаните вкупно 28 седници 24 се завршени, а 4 се уште не.
Кога е во прашање редовноста на пратениците традиционално најнередовни биле Мендух Тачи кој во овој период само шест пати дошол на собраниска седница, Али Ахмети кој дошол 10 пати и Никола Груевски само еднаш. Заради нередовноста на Груевски му беше одземен мандатот, додека Ахмети и Тачи се оправдано отсутни па не трпат никакви последици, односно си ја земаат пратеничката плата до денар. Освен партиските лидери кои традиционално ретко учествуваат во работата на Собранието најмалку присутен бил пратеникот Борис Змејковски, со шест присуства и 44 отсуства. Змејковски и тие шест пати кога бил присутен ништо не кажал ниту збор,а не учествувал ниту на едно гласање на пленарна седница.
На пленарна седница ниту еднаш не зборувале дури 28 пратеници, Далибор Богдановски, Африм Гаши, Амди Бајрам, Чедмир Саздовски, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Трчуловски, Иван Стоиљковиќ, Мирослав Јовановиќ, Мухамед Зекири, Мира Стојчевска, Стојан Миланов, Васил Пишев, Мери Лазарова, Нада Цупушева, Сашко Атанасов, Агим Шаќири, Алија Камберовски, Бети Рацаџиева Наумовска, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Бранко Маноиловски, Благојче Трпевски, Сашо Василевски, Весел Мемеди, Јусуф Хасани, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Теура Биљали и Шпреса Хадри. Некои од нив се најредовни, без немаат никаква активности, а сепак земаат патни трошоци затоа што дошле на работа.
Без ниту едно отсуство е претседателот на Собранието Талат Џарефи, како и пратениците Панче Иванов, Лидија Тасевска, Татјана Прентовиќ и Беатин Китев.
Целиот текст прочитајте го на Слободен печат ТУКА.