Не бил сигурен дека е тој па му направил трик: Македонец го избричи Стинг во Германија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Хусеин Џума Абдула кој има потекло од нашите краишта, во Дизелдорф, Германија, има берберски дуќан. Неодамна тој имал исклучителен гостин за кој на почетокот не бил сигурен дали новиот муштерија е славниот пејач Стинг.

Газдата и другите бербери за да се осигураат дали славната мега-ѕвезда е нивни гостин, направиле трик – пуштиле музика од Стинг во дуќанот. Тогаш Стинг им шепнал: „Ова сум јас!“, вели Сивер Рада (27), бербер, за „Рајнише пост“.

Според него, гитаристот на Стинг бил во истиот дуќан пред две недели. А пред да заминат за Лион, очигледно му го препорачал берберскиот дуќан на Хусеин.

Инаку песната што му ја пуштиле на Стинг за да проверат дали е тој е “Shape Of My Heart”.

Инаку Стинг на 2јуни оваа година како дел од Skopje Calling го одржа својот втор спектакуларен концерт во Скопје. Илјадници фанови од Скопје, Македонија, но и регионов два часа уживаа на Националната арена „Тоше Проески“, каде светски познатиот пејач ги изведе сите негови најголеми хитови, а публиката сакаше уште. По Македонија тој ја продолжи својата светска турнеја во која го промовира неговиот последен албум „My songs“, составен од сите негови најголеми хитови во нов аранжман, како што е насловена и самата турнеја.