Љупка Митрова мета на хакерски напад, сајбер манијак и го хакна Инстаграмот

ИЗВОРСкопје24
|

Инстаграм профилот на популарната блогерка Љупка Митрова е повторно жртва на сајбер манијак, објави 1тв.

Имено од пред неколку часа нејзиниот профил на Инстаграм не постои, а Митрова нема никаков пристап за да си го врати назад.

Таа веќе е во комуникација со хакерот, кој по се изгледа подолг период бил најавен на профилот и го следел секој разговор на Љупка.

Инаку ова на познатата блогерка и се случува веднаш откако таа со своите две ќерки пристигна во Турција каде го поминува својот годишен одмор.

Нејзиниот профил беше со повеќе од 100.000 фанови, се поставува прашањето зошто Љупка го стори тоа и дали повторно ќе го врати.

Обично ваквото бришење на профили кои бројат многу фанови се прави доколку „ја оплескате“ работата, односно ако пуштите во јавност нешто што никој не смее да го види, но по се изгледа тоа не е случајот и овој пат.

Љупка е позната во јавноста по нејзината долгогодишна врска со Дарко Спејко, со кого пред повеќе од пола година се раздели, но како што изјавуват и двајцата сеуште се во одлични односи и немаат што да си замерат еден на друг.