Детална временска прогноза – до петок стабилно време – за викендот пресврт

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоко ќе засилува. Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 13 и 21, а дневната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Славчо Попоски: Европа на удар на нов ЕКСТРЕМНО топол бран со температури до 45°C, во Македонија и понатаму далеку пониски температури

Уште на самиот почеток од неделава југозападните, западните и централните предели на Европа повторно беа на удар на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка и ќе услови ЕКСТРЕМНО високи температури на воздухот кој особено во југозападните предели од Европа поточно во Шпанија и Португалија температурите на воздухот ќе се искачат дури до околу 45 степени.

Кај нас пак и натаму ќе имаме далеку пониски температури на воздухот иако ќе бидат типично летни и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени што значи дека Македонија не очекува и понатаму некој екстремни температури а така би требало да биде се до крајот на ова лето, и во текот на следниот месец не очекуваме некој екстремно високи температури, дури има услови температурите на воздухот да бидат под просекот, односно да биде посвежо од вообичаеното.

Понатаму следува период на претежно стабилно и суво време без врнежи, времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност. УВ ИНДЕКСОТ ќе има и понатаму ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува 11 па токму поради ова ве советуваме и понатаму да се заштитувате од лошото влијание на сонцето и да се пие се повеќе течности.