Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3Обуки за побарувани занимања, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 22.07.2019 година, се објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС до евидентирани невработени лица
Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обука за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица, до пополнување на бројот или најдоцна до 30.08.2019 година.
Обуката ќе се спроведува од страна на верификуван спроведувач на обука и се однесува на следното занимање и град:
Оџачар, Скопје, со завршено најмалку основно образование
Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќеизведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуката ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуван спроведувач на обука.
На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губатова право.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати и спроведувачи на обука. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk.