Северина се огласи по написите дека банка ја „брка“ поради долг од 100 000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Српските медиуми деновиве пишуваа дека Северина не е во можност да ја плаќа ратата за кредит во вредност од 2000 евра месечно.

Поради тоа, банката ја активирала хипотеката и наводно доколку пејачката не го плати долгот во рок од 15 дена ќе и биде земен станот во Загреб.

Се пишуваше дека и пејачката има се помлаку настапи и дека пее за помали хонорари.

„Ве известувам дека информацијата која е објавена е неточна, така да настана како резултат на негативен медиумски публицитет, на кој некои поединци работат подолго време“ соопштија од ПР службата на Северина.

Инаку, Северина Којиќ полека почнува музички да ја покорува и Србија. Иако имаше извесни проблеми со појавувањето на одредени концерти во Србија, откако стана српска снаа, Севе, се’ повеќе е присутна во родната земја на својот сопруг.

Арно ама, бидејќи Игор не пејач, Севе пред настап на помош го повика свекорот Кеба! А, кога Кеба ќе ја земе гитарата в раце, дуетот од соништата е роден… Само е прашање, дали штима. Кој од кој тоналитет ќе пее, и кому песната повеќе му одговара: Дали на снаата или на свекорот?

Бидејќи е во прашање подготовка, или поточно најава за нејзин концерт, Кеба мораше да се наштима по снаата. Или поточно, според нејзините вокални можности.

Штом ги усогласија тоналитетите, музичката најава за концертот во Књажевац на Севе е тука. Сега може да слушне цел свет, како звучи кога Кеба и Северина ќе запеат во дует! Видеото погледнете го ТУКА.