Македонската актерка Јана Стојановска пред крајот на јуни го кажа судбоносното „да“ и заплива во брчаните води со кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ.
Свадбата на Андрија и Јана се одржа во еден ресторан во Белград, а младиот пар сега ужива во првите месеци од заедничкиот живот.
Меѓутоа деновиве во српските медиуми осамнаа неколку написи за нашата актерка.
Оваа преубава Македонка ја запознавате во популарнате серија: Јана Стојановска неодамна се омажи за нашиот кошаркар, а специјален гостин беше Раде Шербеџија, е еден од насловите.
„Јана ја запознавте пред две години во серијата „Сенки над Балканот“. Јана Стојановска со улогата на опасната Јованка го привлече вниманието на телевизиската публика.Нејзиниот партнер е кошаркарот Андрија Бојиќ за кого неодамна се омажи во Белград. Прославата беше во еден познат белградски ресторан, младоженецот беше облечен во сив смокинг, а невестата во романтичен фустан со цветни детали“ пишуваат медиумите во регионот за нашата актерка.
На свадбата присуствуваше и познатиот актер Раде Шербеџија кој беше близок пријател на таткото на Стојановска.
Јана која по татко и има српско потекло, публиката имаше прилика подобро да ја запознае во серијата „Сенки над Балканот“. Уогата ја добила така што нејзиниот другар, продуцент и директор на фотографијата и предложил да се појави на кастинг.
Кога Јана се појавила на кастинг, имала две сценарија, едно на српски, едно на македонски.
Тоа многу ја збунило, но како што пишуваат медиумите во регионот, и помогнал нејзиниот парнтер во серијата Гордан Киќиќ.
Јана е бремена и во ноември оваа година заедно со Андрија ќе станат родители на нивното прво дете за кое велат дека е машко.
слика