Љупка Митрова се огласи по повод хакирањето на „Инстаграм“ профилот

ИЗВОРСкопје24
|

Профилот на македонската инфлуенсерка Љупка Митрова е хакнат. Наводно, некој сајбер манијак го хакнал профилот на македонската инфлуенсерка и објавил фотографија на која не е Митрова. По тој повод во текот на вчерашниот и денешниот ден, „Инстаграм“ профилот на Љупка не беше активен.

Меѓутоа, таа успеа да го врати, а по тој по повод се огласи преку кратките приказни на „Инстаграм“.

„Мојот профил повторно е под моја контрола. Ви благодарам на сите што помогнавте да го вратам назад. Против сторителот на ова дело – одземање на мојот профил, злоупотреба на истиот и намерно поставување на содржината (слика на која не сум јас) со цел да го наруши моето достоинство и углед се преземени соодветни мерки…Истото ќе му се случи на секој еден што ќе се дрзне да ме нападне на било каков начин. Ве сакам“ напиша Љупка.