По 25.000 денари месечно за кандидатите кои се на обука за офицери и пилоти

ИЗВОРСкопје24
|

Со одлука на Владата сите кандидати за обука за офицери ќе добиваат просечна месечна плата и во текот на обуката. Ако досега изнесуваше 4.000, отсега ќе изнесува 25.000 денари и ќе важи за кандидатите кои од 01.09. ќе ја почнат обуката како и за кандидатите за обука на пилоти.

Со одлука на Владата на Македонија, сите кандидати за обука за офицери ќе добиваат просечна месечна плата и во текот на обуката. Ако досега изнесуваше 4.000, отсега ќе изнесува 25.000 денари и ќе важи за кандидатите кои од 01.09. ќе ја почнат обуката како и за кандидатите за обука на пилоти, соопштија од Министерството за одбрана.

Сакате да станете оџачар во Скопје – Град Скопје ќе ви ја плати обуката и ќе добивате по 9 000 денари месечно

Агенција за вработување на Република Северна Македонија објави Јавен оглас до евидентирани невработени лица за да се пријават за обука за побарувани занимања на пазарот на трудот – оџачар во Скопје.

Сите заинтересирани треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде што се евидентирани како невработени лица, до пополнување на бројот или најдоцна до 30.08.2019 година.

Обуката за оџачари ќе се спроведува од верификуван спроведувач на обука, а заинтересираните кандидати треба да се од Скопје и да се со завршено најмалку основно образование.

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од еден месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од еден месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).

Лицата вклучени во обуката ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуван спроведувач на обука.

На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор меѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број пријавени кандидати и спроведувачи на обука.

Во обуките не може да учествуваат лица кои претходно биле вклучени во оваа мерка.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk