Ви го откриваме брзиот трик: Валканите патики повторно може да бидат бели како кога сте ги купиле

ИЗВОРСкопје24
|

Белите обувки изгледаат супер додека сè уште се нови и чисти, но со текот на времето и нивното носење толку многу се оштетуваат и валкаат што почнуваат да изгледаат сиво, беж па дури и жолтеникаво.

Една жена на Фејсбук открила едноставен, евтин и брз трик за чистење бели патики, благодарение на кој тие ќе изгледаат чисто и нема да имате потреба да купувате нови патики.

Таа објавила фотографија од своите бели Converse All Star патики пред и по перењето, а разликата е неверојатна.

Во објавата открила како тоа успеала да го направи со спреј Циф за отстранување мувла.

„Ставив избелувач, патиките ги испрскав со Циф (освен од внатрешната страна, не ми пречеше тоа што внатре нема да бидат толку чисти) и ги триев со стара четка за заби. Потоа ги потопив во избелувач 10 минути. На крајот ги ставив во стара навлака за перница и ги ставив во машина за перење на 40 степени. Се надевам дека ова и вам ќе ви помогне“ – открила таа.

Воодушевените членови на групата на Фејсбук го пофалиле овој нејзин трик и ѝ се заблагодариле што им ги спасила нивните патики.

„Ви благодарам многу. На ќерка ми штотуку ѝ на рачав нови патики затоа што старите не можев да ги исперам, но ќе пробам со вашиот трик“ – напишала некоја жена.

„Ова е одлично. Не очекував дека ќе се исчистат толку многу“ – напишала некоја друга жена.