Жељко Јоксимовиќ отвара телевизија, но Јована Јоксимовиќ нема да биде водителка – ова е причината

ИЗВОРСкопје24
|

Жељко Јоксимовиќ отвара три нови кабловски телевизии, пренесува курир.рс На неговата телевизија водителки ќе бидат Маја Николиќ и Наташа Миљковиќ, но не и сопругата Јована Јоксимовиќ која ќе остане да биде водителка на Прва српска телевизија.

Регулаторното тело за електронски медиуми на 4 јуни издало дозвола за кабловска телевизија за три канали – К1 студио, Стајл Фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии припаѓаат на фирмата „Минакорд медиа“, која Јоксимовиќ ја формирал на 17 мај оваа година.

Според пишувањата на Курир, Стајл Фајл ќе биде наменета за деца, ТВ ДР ќе биде емисија за здравство, а К1 ќе биде музичка емисија.

„Никој не знае од каде Жељко доби желба да отвори телевизија. Малку не изненади бидејќи станува збор за сериозен проект кој бара многу пари, но и време. Голем е предизвик одеднаш да отвори три телевизии. Веќе слушнав дека ангажираше некои луѓе кои се повеќе време во таа работа, како што е Мања Грчиќ, некогашната директорка на Прва телевизија. Таа веројатно кај Жељко ќе ја работи истата работа“ вели извор.

Јована Јокисмовиќ поради договорот со Прва, нема да работи на телевизиите кај сопругот.

„Засега е сигурно дека Маја и Наташа ќе работат кај Жељко. Поради тоа дадоа отказ на Прва, бидејќи им се допаѓа понуда на Јоксимовиќ. Веројатно сите очекуваат дека Јована и Срѓан ќе работат кај Жељко, но тоа нема да биде така поради договорот со Прва и не може да го прекинат договорот поради пеналите кои мора да ги платат“ вели изворот.

Пријател на Жељко вели дека телевизиите ќе започнат со емитување на есен.

„Тоа е се во фаза на подготовка, но бргу се работи на тоа. Седиштето на телевизијата ќе биде во центарот на Белград каде што и неговото музичко студио, но бргу ќе биде пронајдена зграда каде ќе се наоѓаат телевизиите“ вели близок пријател на Жељко.