Куќите од пустинската планета Татуин, какви што можевме да видиме во серијата “Војна на ѕвездите” биле инспирација за најновиот дизајн на куќи кои ги гради раперот Канје Вест.
Вест оваа идеја ја изнел во специјално интервју за “Форбс” каде објаснил дека се работи за префабрикувани монтажни куќи кои изгледаат како домот на Лук Скајвокер – или би можеле да се вградат во земјата, со тоа што во тој случај би им се додале прозори на кровот за да може да влегува светлина.
Неговата идеја е ваквите домови да се доделат на луѓе со ниски приходи или на бездомници како привремено засолниште.
Вест минатата година најавил отворање на архитектонско студио и ги повикал дизајнерите кои би сакале да му се приклучат во мисијата да го направат светот подобро место за живот.
Медиумите за неговото интересирање за архитектурата почнале да пишуваат уште во 2013-та година, кога раперот почнал да слуша предавања за архитектура и дизајн на Харвард.