Првиот број на списанието „Граѓаните за променa“, е всушност гласник на Цивика мобилитас, програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), но и гласник на целото граѓанско општество. Списанието ги става во фокус граѓаните, како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени.
„Граѓаните за променa“ има амбиција да биде нова точка во која ќе се собираат и од која ќе се дистрибуираат информациите за граѓанското општество и за темите релевантни за него, место каде ќе ги споделиме анализите, дилемите и дискусиите за важните прашања за функционирањето на граѓанското општество.
Првиот број опфаќа период од шест месеци, а следните изданија ќе бидат квартални. Списанието ќе се подготвува и објавува на македонски, албански и на англиски јазик и ќе има само електронска верзија.
Ова е најава но, и повик до сите Вас да бидете дел од „Граѓаните за променa“. Испратете ни информации за Вашите постигнувања, сугестии или коментари. Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно.
Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:
Граѓаните за промена
Qytetarët për ndryshim
Citizens for change