Димитар Атанасовски сподели дел од нивниот дом: Вака ќерката Илина реагира кога ќе ја види мама Сара на телевизија

ИЗВОРСкопје24
|

Во септември претходната година Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски станаа родители на нивното прво дете ќерката Илина.

Оттогаш нивното семејство е побогато за еден нов член, а тие максимално уживаат во својата нова улога.

Димитар и Сара целото свое слободно време го поминуваат со нивната ќерка, а на социјалните често објавуваат фотографии од неа.

Тие несебично споделуваат моменти од нивниот приватен живот радувајќи се на секој момент со нивната ќерка. Така секогаш кога ќе заминат некаде на одмор знаат да споделат со своите следбеници и да откријат како си поминуваат или да споделат некоја нивна меѓусебна шега.

Деновиве Сара сподели кој е најдобриот пријател на нејзината ќерка, односно станува збор за нивното куче Атос.

Деновиве Сара на својот Фејсбук сподели фотографија од Илина како се игра со кучето, а во описот напиша : брат и сестра.

Gepostet von Sarah Kostadinovska am Dienstag, 23. Juli 2019

Од друга страна, Димитар во кратките приказни на „Инстаграм“ објави како Илина ја гледа Сара на телевизија додека ја изведува песната „Бакар боја“.

Илина стои пред телевизорот и се радува на нејзината мајка.