Речиси целиот Европски Континент овие денови се соочува со ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран, обено топло е во југозападна и западна Европа како и во делови од северозападниот дел од истиот континент, до крајот на денов Париз би можел да го собори досегашниот температурите рекорд каде се очекува температурата да се искачи до 42 степени, највисоката температура која е измерена токму во Париз изнесува 40 степени. Топлотниот бранисто така веќе започна да прави проблеми и околу пожарите низ Европа.
Сепак топлитниот бран нема да ја заобиколи и нашата држава иако истиот ќе биде со помал интензитет. За време на овој викенд во Македонија температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и со услови за појава на град.
УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува 10 па токму поради ова граѓаните да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности, секако да се избегнува и мрсната храна, односно да се јаде што повеќе зеленчук и овошје.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ