Внимавајте: Се шири нова измама на Viber!

ИЗВОРСкопје24
|

Сите лица кои ќе добијат пораки на Viber во кои се наведува дека се добитници во лотаријата наречена „Viber меѓународна програма за наградување“ (VIBER International balloting award programme) не треба да ги следат инструкциите од пораката и треба да ја избришат истата затоа што тоа е измама.

Измамниците ги наведуваат потенцијалните жртви да им праќаат информации пишувајќи им дека се победници на лотарија која всушност не постои. Штом ќе ги добијат информациите, тие од потенцијалните жртви ќе побараат и пари за да можат да ја добијат наградата од измислената лотарија.

Но, штом измамниците ќе ги добијат информациите од потенцијалната жртва, тие истите ќе ги испратат на други измамници, кои постојано ќе ѝ пишуваат на жртвата во обид да ја измамат. И ако потенцијалната жртва им испрати пари на измамниците, тие ќе ги земат и ќе исчезнат, оставајќи ја жртвата оштетена.

Инаку и пред неколку недели сличен вирус се ширеше во форма на реклама со поволност за бесплатни патики или маици. Вирусот беше претставен во вид на промоција која наводно ја даваат од компанијата по повод нивната 95-годишнина.

Вирусот наречен „Адидас“, токму поради тоа што се појавува во вид на реклама и понуда од познатиот бренд Адидас, беше рашиен меѓу многу корисници на Вибер и ВацАп.

Доколку кликнете на него, ќе треба да одговорите на неколку прашања и да ги дадете вашите лични податоци, а притоа и да споделите.

Доколку ви пристигне некоја од овие две пораки едноставно избришете ја или игнорирајте ја и излезете во вештачката група во која сте додадени.