Внимавајте ако одите во Грција: Цариниците ќе ви ги земат кесите ако го носите ова

ИЗВОРСкопје24
|

Ако одите на одмор во Грција, треба да внимавате што носите со себе, бидејќи цариниците во Грција имаат строги правила и прописи.

Така, не смеете да внесувате месо, како ни млечни производи. Може да си понесете до два килограми млеко за бебе во прав, како и храна за посебни потреби. Дозволено е и 2 килограми храна за милениче.

Смеете да внесете до 5 килограми овошје и зеленчук, додека кога станува збор за цигарите дозволени се 40.

Освен ова, одморот во Грција годинава ќе ве чини поскапо за околу од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.

– Данокот на престој е на товар на туристите со нивното пристигнување. Се однесува и на хотелите и на изнајмените апартмани и соби. Висината е во зависност од категоријата. Половина евро за изнајмените соби и апартмани и за хотелите од 1 и 2 ѕвезди, 1.5 евра на ден во хотелите со 3 ѕвезди, 3 евра за 4 ѕвезди и 4 евра во хотелите со 5 ѕвезди.

Значително поскапа е и храната но и угостителските услуги. Проценките се дека и тука ќе потрошите 100 евра повеќе од лани.

Грубата математика вели дека ако сакате да поминете во идентична атмосфера како и лани, за 10 дена ќе ви требаат околу 200 евра плус.