Ќерката на Доналд Трамп ужива со момчето на Миконос (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Тифани Трамп, ќеркаta на американскиот претседател Доналд Трамп, ги поминува деновите на летниот одмор во Европа. Откако престојувала во Црна Гора, таа скокнала на познатиот грчки Миконос, заедно со нејзиното момче, милијардерот Мајкл Булос.

Тифани и нејзината посилна половина беа сликани на јахта со која се возеа по морето. Трамп штом ги забележала фоторепортерите, само им се насмевнала.

Ве потсетуваме дека во март оваа година Тифани беше во Белград, заедно со момчето Михаил Булос, кој и купи неколку скапоцени бунди во главниот град на Србија.

Тие претходно ја посетија и Црна Гора и неколку дека уживаа сместени во најскапиот хотел „Регент” во Тиват. Деновите ги поминувале главно во хотелот и во најдобрите црногорски ресторани, објави „Блиц”.

„Тифани и Мајкл ја закотвија јахтата во пристаништето, но тие речиси цело време се во хотелот и во околните кафулиња и ресторани. Наутро одат на појадок, или ако заспијат, во попладневните часови се гости на луксузниот ресторан во близина“, пишуваа медиумите.

„Тифани сака морска храна, додека нејзиното момче најчесто јаде салата. Пијат пијалаци кои најмногу се согласуваат со оброците и често јадат десерт“ им раскажа на српските медиуми еден келнер од ресторан во Црна Гора, каде што Тифани и Мајкл јаделе.

Меѓутоа, кога ќе дојде сметката, вели тој, Тифани и Мајкл ги плаќаат своите оброци исклучиво со кредитни картички и не оставаат бакшиш.

Со вишок килограми, несредена и без шминка, папараците успеале да ја уловат ќерката на Доналд Трамп и низ улиците и рестораните во Тиват.

Иако ја чуваат телохранители, сепак нема проблем со слободно шетање, бидејќи за многумина е непрепознатлива со оглед на тоа што накачила неколку килограми плус и ужива во одморот без шминка.

Според гостите во рестораните, парот се однесувал сосема нормално и во ресторанот и на улица. Тие шетале и уживале покрај море и немале проблем да ги прашаат минувачите нешто што ги интересира