ОВА Е НАЈЕДНОСТАВНИОТ НАЧИН: Како најлесно да добиете меморија во смартфонот

ИЗВОРСкопје24
|

Без оглед на тоа што произведувачите се трудат мобилните телефони да имаат што е можно повеќе меморија за податоци, на корисниците едноставно никогаш не им е доволно. И да бидеме реални, на сите нас порано или подоцна ни се случува да ни недостига простор и тоа баш тогаш кога сме сакале да инсталираме некаква апликација или да направиме кул видео запис. Нема место за паника, имаме решение за овој проблем:

1. Избришете ја кеш меморијата на интернет пребарувачот. 2. Направете го истото во апликациите Facebook и Messenger. 3. Избришете го купот од стари SMS пораки кои повеќе не ви се потребни. 4. Избришете го фолдерот Downloads. 5. Вклучете Google Photos опцијата која отстранува дупликат фотографии во меморијата. 6. Исчистетете ги сите прегледани филмови и видео материјали кои не ви се потребни.

Во следното видео можете да пронајдете детални упатства:

Како со помош на вашиот телефон секогаш да знаете каде сте го паркирале автомобилот

Секој возач најмалку еднаш неделно, ако не и почесто, се случува да заборави каде го паркирал автомобилот. А за да не потрошите драгоценото време шетајќи по паркингот, ви претставуваме едноставен начин секогаш да знаете каде е вашиот автомобил.

Едноставно, користете ја Google Maps апликацијата која доаѓа со секој Android оперативен систем.

Чекор 1

Кога ќе пронајдете совршено место за паркирање, отворете Google Maps за да ја видите вашата моментална локација – сината точка.

Чекор 2

Допрете ја сината точка, а во опциите кои ќе се појават одберете Save your parking. На овој начин ќе ја означите вашата моментална локација и местото каде автомобилот е паркиран.

Чекор 3

Уште еднаш проверете дали сте го обележале точното место на автомобилот со зумирање на мапата.

Чекор 4

Google Maps апликацијата ќе испрати порака во известувањата на вашиот телефон, а со нејзиното отворање брзо ќе го лоцирате вашиот паркинг простор.